DIGITAL MEDIA ASSISTANT

Квалификации кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:

  • Интерес за работа со податоци и анализа на истите кај дигиталните медиуми, познавање на рекламните формати и интерес и следење на трендовите во дигиталниот маркетинг
  • Напредно познавање на MS Office пакетот (особено Excel и Power Point)
  • Познавање и/или искуство со работа на платформите Google Ads и Facebook Business Manager
  • Напредно познавање на англискијазик
  • Совесна и вредна личност, која сака да учи, напредува и да придонесува кон тимската работа и успехот на компанијата

Работните одговорности и задачи вклучуваат:

  • Анализа на резултатите од кампањите и изработка на извештаи
  • Мониторинг и оптимизација на дигиталните медиски кампањи врз база на анализа на податоците
  • Учество и асистенција во развој на стратегии, медиа планови и закуп на рекламен простор на дигитални медиуми
  • Асистирање во менаџирање на кампањи на дигитални платформи (Ad Server, Google Ads,Facebook Business Manager и др.)
  • Градење на партнерски односи со клиентите и медиумите
  • Координација и соработка со другите тимови од агенцијата

Работно искуство поврзано со огласување во дигиталните медиуми би значело предност.

Доколку ги исполнувате критериумите, сакате да го проширите своето знаење и да бидете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV на jobs@publicismedia.mk, најдоцна до 30.04.2022.

Во насловот на вашиот e-mail задолжително внесете ја позицијата за која аплицирате.